Дома Фудбал Англија Сити потврди: Де Брујне три месеци надвор од теренот!

Сити потврди: Де Брујне три месеци надвор од теренот!

Англискиот првак Манчестер Сити денеска потврди дека белгијскиот фудбалер Кевин Де Брујне ќе отсуствува од терените најмалку три месеци поради повреда на коленото.

Де Брујне повредата ја заработил на тренинг. Првите прогнози беа дека фудбалерот мора на операција, но за среќа таа не е неопходна.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Оштетувањата на лигаментите на коленото не бараат операција. Сепак, мора да паузира и нема да го гледаме во дресот на Сити во наредните три месеци.

Ова секако е голем удар за Граѓаните. Де Брујне е еден од главните фудбалери на екипата, но за среќа на менаџерот Пеп Гвардиола кој има одличен ростер нема многу да се почуствува неговото отсуство.

Де Брујне во првиот овосезонски натпревар против Арсенал одигра триесетина минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ги загуби нервите: Удри противник, доби црвен картон, па иронично гестикулираше (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, вчера заработи директен …