Кевин Принс Боатенг ги разочарал сите во Барселона со својот однос кон тимот.
Германскиот фудбалер доби голема шанса со потписот на шестмесечен договор со Барселона. Беше доведен како играч кој требаше да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. Секако, не се очекуваше да биде дел од стартниот тим, но Боатенг не покажа апсолутно ништо.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Покрај тоа што не покажувал ништо на теренот, Боатенг ги разочарал сите во клубот со својот однос.
Барселона сега едвај чека да се ослободи од него после шест месеци и Боатенг ќе се врати во Сасауоло од каде што како позајмен играч сега е во Барселона.
Новинарот Хави Мигел откри:
„Боатенг го разочара раководството на клубот и тренерите со својот непрофесионализам. Не сака да тренира премногу, а дури не сака ниту да оди со остатокот од тимот на волонтерески работи во текот на неделата. Сите се надеваа дека таму ќе се појави, но погрешија. Ги разочара сите во клубот“, изјави Мигел.
Во дресот на каталонскиот гигант Боатенг собра само два настапи и сега е јасно зошто не добива премногу шанса за игра.
Исто така поради вакви работи надвор од теренот не е ниту чудо што со исклучок на Милан во ниту еден друг клуб не се задржа предолго. Во својата кариера Боатенг го носеше ресот на: Херта, Борусија Дортмунд, Портсмунт, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло и Барселона.