Дома Фудбал Англија Сите очекуваа тој да замине, но Мурињо изненади: Тој ќе добие нов договор!

Сите очекуваа тој да замине, но Мурињо изненади: Тој ќе добие нов договор!

Оваа изјава на Мурињо сигурно ја изненади Англија и оние кои ја следат ситуацијата во Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот на „Олд Трафорд“ пристигна летото во 2014 година, Лук Шо сепак ќе добие шанса во Јунајтед.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Иако се очекуваше Шо да го напушти Јунајтед на крајот од сезоната Жозе Мурињо порача дека му се допаѓа тоа што фудбалерот се труди на тренинзите и токму поради тоа е спремен да му понуди нов договор.

„Го знам Шо откако дојде во Премиер лигата со Саутемтптон и го знам неговиот потенцијал и квалитет. За мене не се важни само натпреварите туку и работата на тренинзите, а Шо даде голем допринос. Тој нема проблеми со повредите во последните неколку месеци и среќен сум поради тоа. Нормална работа е да добие нов договор и да биде член на Манчестер Јунајтед и во наредните години“, изјави Мурињо.

Да потсетиме, Лук Шо оваа сезона одигра 16 натпревари од кои шест во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Реал Мадрид има нов тренер

Чаби Алонсо е новиот тренер на тимот по заминувањето на Карло Анчелоти, потврдија од Реал …