Дома Фудбал Останато Сите натпревари во Лигата на шампионите ќе започнат со минута молк

Сите натпревари во Лигата на шампионите ќе започнат со минута молк

Почнувајќи од денешните натпревари во Лигата на шампионите сите натпревари во европските купови ќе стартуваат со минута молк поради трагедијата во Индонезија во која животот го загубија над 125 луѓе.

УЕФА донесе одлука секој натпревар да започне со минута молк и така да се оддаде почит кон настраданите во стампедото на натпреварот во Маланга. Дури 32 од 125 загинати биле деца, а уште 300 се повредени. Токму поради повредените се стравува дека бројката на загинати може да се зголеми


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Големата трагедија се случи во неделата откако после една пресметка со навивачите полицијата употреби солзавец за да ја смири ситуацијата, но место тоа се направи уште поголем проблем.

Дефинитивно ова е една од најголемите трагедии кои се случиле во фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големи пофалби за Де Геа откако блескаше против Милан: Тој се уште е ѕвер – голман од светска класа!

Eкипата на Фиорентина славеше победа со 2:1 против Милан, а најголеми заслуги за овој триу…