85 години истрајност, желба, посветеност. Херојот од Дебар Маало се роди на денешен ден, 4.октомври, во далечната 1937 година.




Во витрините стојат трофеи, сведочат за шампионските денови на ФК Работнички, највозрасните се сеќаваат на почетоците, на пролетта 1937 година кога во кафеаните во Дебар Маало се родила идејата за формирање на организиран фудбалски клуб.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Традицијата се негува, историјата обврзува, а сегашните генерации се горди на минатото. Но, ја имаат честа и обврската да продолжат по патот на успехот.




ФК Работнички да остане синонимот на Дебар Маало, гордоста на Скопје, клуб за респект во Македонија и во европски рамки.



