Тимот на Работнички в среда (28 јуни), со почеток во 17 часот, ќе ги стартува подготовките за новата сезона 2023/24.
Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски во клупската база ќе го има првиот собир со фудбалерите, а потоа тимот ќе стартува и со реализација на планираната програма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот дел од подготовките Работнички ќе го реализира во Скопје, а од 16 јули ќе замине во Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари.
Фудбалерите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги минат задолжителните лекарски прегледи.