Aтлетико Мадрид не успеа да доведе фудбалер каков што посакуваше во средниот ред ова лето и поради тоа се очекува „јорганџиите“ да бидат активни во јануари.
Како што пренесуваат медиуми, Атлетико подготвил сума од околу 40 милиони евра за да ја платат клазулата на фудбалер на Мајорка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за Сaму Коста. Коста е желба на Диего Симеоне кој го следи подолго време и клубот ќе се обиде да го доведе.
Мајорка нема намера да го пушти во зимскиот преоден рок, меѓутоа ако Атлетико ја плати клазулата тогаш ќе се прашува само фудбалерот. Сезонава Коста кој има 23 години одигра 11 натпревари во кои го покажа својот квалитет.