Дома Фудбал Симеоне: Нема сега да се правдам, клубот се консултираше со мене за Суперлигата

Симеоне: Нема сега да се правдам, клубот се консултираше со мене за Суперлигата

Oд Суперлигата нема да има ништо, тоа стана јасно кога вчера клубовите, прво англиските почнаа да се откажуваат.

Денес помеѓу клубовите основачи кои излегоа со официјално соопштение беше и Атлетико Мадрид, а набрзо потоа Диего Симеоне се појави на прес-конференцијата пред натпреварот против Хуеска.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Симеоне не сакаше да собира „поени“, па според неговите одговори на прашањата од новинарите тој бил за Атлетико да биде дел од Суперлигата.

„Нема што да кријам. Бев еден од првите во клубот кои знаеа за проектот и на раководството им го кажав што мислев дека треба, се консултираа со мене“.

Значи бевте за влез во Суперлигата?

„Луѓето кои ме знаат подолго време, знаат дека не сакам демагогија и нема сега да ја користам ситуацијата за да си го засилам својот углед. Како што кажав, се консултираа со мене и им го кажав тоа што го мислев. Нема сега тука да се правдам или да се додворувам на некого“, порача изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…