Дома Трансфер зона Симеоне му ја отвори вратата: Коке се сели во Серија А

Симеоне му ја отвори вратата: Коке се сели во Серија А

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне му ја отвори излезната врата на капитенот Коке, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Симеоне и раководството му порачале на Шпанецот дека на лето слободно може да си бара нов клуб.

Истиот извор наведува дека „јорганџиите“ на лето ќе го вратат Саул Нигез, кој е на позајмица во Челзи, а Коке оваа сезона не игра на добро ниво.

Коке има договор со Атлетико до 2024 година, а „јорганџиите“ се спремни да го пуштат за сума од околу 30 милиони евра.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан, па голема е шансата Коке да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…