Дома Фудбал Симеоне му рече на Модриќ да дојде во Атлетико. Погледнете ја реакцијата на Хрватот

Симеоне му рече на Модриќ да дојде во Атлетико. Погледнете ја реакцијата на Хрватот

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид пред два дена одиграа 1:1 во дербито на колото во Ла Лига. Хрватскиот капитен Лука Модриќ играше за Реал од 76. минута, а камерите уловија интересен момент кога тој влезе во игра.

Познато е дека Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната, но не и што ќе биде потоа. Се пишуваше за профитабилна понуда од Саудиска Арабија, покана од МЛС, а дел од шпанските медиуми не ја исклучуваат можноста тој да остане уште една сезона во Реал, доколку заигра на највисоко ниво.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси е незамисливо еден ден Модриќ да се пресели од Реал во Атлетико, но токму таква покана со насмевка доби од Диего Симеоне во последното дерби.

Аргентинскиот стручњак го искористи моментот кога Модриќ се подготвуваше да влезе во игра кога почна да го повикува и да му нуди работа.

„Лука! Лука! Дојди играј за нас“, му рече Симеоне. Погледнете ја реакцијата на Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…