Дома Топ вести Симеоне и Конте во битка за ѕвездата на Челзи

Симеоне и Конте во битка за ѕвездата на Челзи

Тренерот на Интер, Антонио Конте е силно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Челзи и шпански репрезентативец Маркос Алонсо.

„Нероаѕурите“ се на првото место на табелата во Серија А со два бода повеќе од Јувентус, па јасно е дека до крај ќе се бодат за Скудетото. Поради тоа Конте сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а прва желба е токму Маркос Алонсо.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Оваа сезона Алонсо не е прв избор кај Лампард, па наводно „сините“ се спремни да го пуштат во јануари, но проблем за „нероаѕурите“ може да биде големата конкуренција.

Имено, Диего Симеоне сака да го донесе Шпанецот во Атлетико Мадрид и веќе започнал да работи на трансферот. „Јорганџиите“ сакаат да го донесат Алонсо на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп, а се чини дека „сините“ се спремни да ја прифатат понудата.

Алонсо е заинтригиран од понудата бидејќи ќе има шанса после десет години да се врати во својата татковина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …