Дома Актуелно Симеоне испрати порака до Феликс: Сега се е јасно!?

Симеоне испрати порака до Феликс: Сега се е јасно!?

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне испрати јасна порака која јасно го означува крајот на Жоао Феликс во редовите на „јорганџиите“.

Португалецот пред неколку месеци бараше да замине на позајмица во Челзи, бидејќи не се сложуваа баш добро со Симеоне, а нивната нетрпеливост расте од пред две сезони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова лето, Симеоне пресече и одлучи дека нема да смета на Феликс, а бројот 7 е вратен на Гризман што е уште една јасна порака.

Симеоне денес накратко се огласи за статусот на Феликс и сега веруваме дека Португалецот ќе бара нов клуб.

„Жоао Феликс? Мораше да покажеме дека никој, апсолутно никој не е над клубот“, рече Симеоне.

Феликс неодамна јавно порача дека негов сон е Барселона и дека до крајот на преодниот рок ќе чека да види дали ќе се отвори можност за да оди на Ноу Камп.

Покасно се појави вест дека ниту Чави не го сака бидејќи не се вклопува во неговите тактички замисли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…