Астон Вила настапува во второто по ранг натпреварување во Англија, а еден нивни фудбалер наводно се наоѓа на мета на шпанскиот гигант, Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ ја завршија оваа сезона, ќе бидат трети на табелата во Примера, додека во Лигата на шампионите беа исфрлени од градскиот ривал Реал во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона многумина ја сметаат за неуспешна, но не е се така црно. Сепак, нема сомневање дека ова лето тие ќе бидат активни на трансфер пазарот. Засилувања се неопходни, но и некои играчи веројатно заминуваат од Мадрид.
Според францускиот „Л’Екип управата на Атлетико ова лето размислува да пронајде алтернатива за Фелипе Луис, бидејќи е извесно дека Тео Ернандез нема да се врати во клубот. Наводно решението го пронајдоа во уште еден Французин, левиот бек на Астон Вила Џордан Амави.
Францускиот медиуми пишува дека шпанскиот клуб е во константен контакт со 23 годишниот фудбалер, а веруваат дека би можеле да го доведат за 10 или 12 милиони евра.