Дома Фудбал Останато Симеоне: Да се браните со 10 играчи 80 минути ви се потребни му*а!

Симеоне: Да се браните со 10 играчи 80 минути ви се потребни му*а!

simeone

Атлетико Мадрид од гостувањето кај Арсенал во полуфиналето од Лигата на Европа носи фантастичен резултат, посебно ако се знае дека „јорганџиите“ од 10 минута играа со играч помалку, а нешто подоцна беше исклучен и Диего Симеоне.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне после натпреварот ги пофали своите играчи бидејќи со 10 играчи против силен противник покажаа голема борбеност и издржливост.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Симеоне потсети на натпреварот од Лигата на шампионите пред две години. Тогаш беше исклучен Фернандо Торес, но Атлетико и покрај тоа го преживеа тешкото гостување, а потоа помина и во следната фаза.

„Да, преживувавање. Тоа е вистинскиот збор за она што го направивме против Арсенал. Многу е тешко да се игра на гостински терен со 10 играчи против тим каков што е Арсенал. Против себе имате напаѓачки тим, одличен стадион и спектакуларен тренер. Но, начинот на кои се поставија моите играчи е фантастичен. Тимот не се штедеше ниту една минута и тоа е она најубавото во фудбалот“, изјави Симеоне и за крај „поентираше“:

„Вие луѓе не знаете колку е тешко да се браните. Играњето фудбал е забавниот дел од оваа работа, се трудите да изгледа убаво. Но да се браните 80 минути со десет играчи…Е, за тоа ви се потребни му*а“, заврши Аргентинецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го донесе да го наследи Модриќ. Сега разочаран бара да замине од Мадрид

Минатата година Арда Ѓулер пристигна во Реал Мадрид во трансфер кој официјално вреди 20 ми…