Дома Фудбал Симеоне го носи својот син на припремите со Атлетико

Симеоне го носи својот син на припремите со Атлетико

Џанлука носи славно презиме, но не покажа некој голем квалитет, па фудбал игра во четвртолигашот Ибица. Џовани е веќе друга приказна со години веќе заработува во Серија А, иако последната сезона не му беше баш најдобра. Сега на ред е Џулијан, најмладиот син на Диего Симеоне од првиот брак.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мадритски „АС“ пишува дека шефот на стручниот штаб на „јорганџиите“ одлучил да го земе 18 годишнот син на припреми со сениорите бидејќи поради Европското првенство нема да има добар дел од првата екипа.

Од таму Џујлијан Симеоне кој игра како напаѓач ќе добие шанса да се докажува кај својот татко на припремите. Тој во септември минатата година од Ривер Плата се врати во Мадрид.

Покажа дека не е во тимот само поради протекциите на неговиот татко. После 20 секунди во јануарскиот натпревар со Побленсе постигна гол, играше добро. Сепак сениорскиот тим е нешто друго ќе видиме како ќе се снајде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо бара наследник на Модриќ и инвестира 100 милиони евра

Жозе Мурињо продолжува со активно градење на тимот на Реал Мадрид за сезоната 2026/27. Иак…