Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека неговиот тим се наоѓа во тешка ситуација после синоќешниот пораз од Челзи (0:1).
Атлетико во Лондон ќе патува со негатува од еден гол, но Симеоне сигурно нема лесно да се предаде и истакна дека верува во неговиот тим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Ние сме во лоша ситуација, не само поради овој пораз, туку генерално во последно време. Резултатите не се на добро ниво. Но, мора да започнеме, да тренираме напорно и да се обидеме да излеземе помоќни. Верувам во моите момци. Челзи има гол предност, а ние имаме деведесет минути да се обидеме да свртиме се во наша предност“, рече Симеоне.