Дома Македонски спорт Силекс, Шкупи и Шкендија во третото коло од квалификациите може да играат против европски гиганти

Силекс, Шкупи и Шкендија во третото коло од квалификациите може да играат против европски гиганти

Денес во Нион ќе се одржи ждрепката за третото квалификациско коло во Лигата на Европа на која нашите претставници ќе ги дознаат противнците со кои би играле ако се пласираат во следната фаза.

Според тоа како се распоредени групите Шкендија може да добие најатрактивен противник, а тоа би бил англиски Тотенхем, се очекува Англичаните да немаат рпоблеми против Локо Пловдив. Покрај Тотенхем како можни противници на Шкендија се руски Ростов каде што неодамна премина Давид Тошевски и победникот од дуелот помеѓу Бала Таун и Стнадард Лиеж. Ќе потсетиме Шкендија игра против Ботошани.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Силекс од друга страна ако ја елиминира Дрита би можел да игра со Селтик, Судува и Легија.

Ренова која во ова коло игра против Хајдук за противник може да го добие подобриот од дуелите: Нефчи – Галатасарај, ЦСКА Софија – Бате Борисов, Кајсар – АПОЕЛ или Викторија Плзен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…