Дома Топ вести Се чека одлука од УЕФА: Нејмар прави спектакуларен трансфер!?

Се чека одлука од УЕФА: Нејмар прави спектакуларен трансфер!?

Се чини дека сагата за евентуалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид се уште не е завршена, а доказ за тоа се најновите информации на „Марка“.

Еминентниот мадридски весник тврди дека „кралскиот“ клуб до крајот на преодниот рок е спремен да понуди 300 милиони евра за Нејмар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


ПСЖ моментално има проблем, кој Реал Мадрид сака да го искористи. Станува збор за новите финансиски истражувања од страна на УЕФА, кои би можеле да го принудат францускиот клуб да го продаде Нејмар за да заработи 300 милиони евра и со тоа да избегнат евентуална казна.

Како што пренесува „Марка“ одлуката на УЕФА за случајот ПСЖ треба да биде донесена многу брзо, па двата клуба ќе имаат време да го завршат евентуалниот трансфер, со оглед на фактот дека останаа уште седум дека до затворењето на преодниот рок.

Дали на крајот Нејмар ќе заврши во Реал Мадрид… останува да видиме!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…