Се поизвесно е дека Јувентус во наредната сезона ќе влезе со нов тренер.
„Старата дама“ од Торино и оваа сезона е неприкосновена во италијанскиот фудбал, меѓутоа изостанува успехот во Лигата на шампионите и поради во медиумите во Италија на големо се пишува за заминување на Алегри.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Наводно за заминување на Алегри најмногу се залага претседателот на клубот Андреа Ањели кој смета дека на клубот му е потребна „свежа крв“, а како што одминува времето се повеќе тренерски имиња се поврзуваат со италијанскиот шампион.
Маурисио Покетино, Антонио Конте, Маурицио Сари…Се само некои од тренерските имиња кои според информациите се на радарот на Јувентус, но според последните најави од Апенините како фаворит за тренер на Јувентус сега избил, Дидиер Дешам.
„Тутоспорт“ пишува дека Дешам сака да ја заврши работата која ја остави зад себе кога го напушти Јувентус во 2007 година. Французинот тогаш си замина поради несогласувања со управата и за тоа жали и денес, тоа го потврди во едно интервју.
„Направив некои грешки во животот и сигурен сум дека ќе направам и во иднина. Се надевам дека ќе бидат што е можно помалку, но грешките се неизбежни кога работите. Една од најголемите грешки за која се уште се каам беше што заминав од Јувентус и кога би можел да го вратам времето не би постапил на тој начин“, призна Дешам.
Ќе потсетиме, Дешам го врати Јувентус во Серија А после аферата „Калчополи“ во која италијанскиот гигант беше исфрлен во понизок ранг.