Лука Јовиќ после одличните настапи во дресот на Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид.
Меѓутоа младиот напаѓач во Реал не покажа скоро ништо и веќе некое време се шпекулира дека „кралевите“ сакаат да се ослободат од него.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Веќе се пишуваше за интересот од Арсенал, Наполи и Челзи, но и за плановите Реал да го искористи за да доведе некој играч кој го посакуваат.
Според информациите најнова опција е Реал да го испрати во Валенсија за да стигне до потписот на крилниот напаѓач Фернан Торес.
Торес има само 20 години, но оваа сезона беше фантастичен и го привлече вниманието на уште некои клубови покрај Реал, тука пред се се мили на Ливерпул.
Дали до оваа размена ќе дојде останува да се види. Сепак, како и да е изгледа Валенсија е новата во низа опции за српскиот напаѓач.