Дома Останати Се појави документ дека Надал земал недозволена супстанца

Се појави документ дека Надал земал недозволена супстанца

Рафаел Надал го освои Австралија Опен со спектакуларен пресврт во финалето против Данил Медведев (3:2).

Надал  така ја освои рекордната 21. Грен слем титула и сега води на вечната листа пред Ѓоковиќ и Федерер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи се појави и документ на кој се гледа дека Надал во текот на кариерата користел и недозволена супстанца.

Станува збор за документ од 2009 година, кога Надал имаше повреда на рамото, а тогаш добил медицинска дозвола да користи забранета супстанција.

Медиумите се обидоа да дознаат за што станува збор и побараа одговор од српската анти-допинг агенција.

„Во случајот на Надал, станува збор за терапевски исклучок кој секој спортист може и мора да го бара за да добие метод на лекување. За случајов постои валидна документација дека тој морал да го прими лекот“, соопштија од агенцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вака денес изгледа Моника Селеш: Се бори со ретка болест (Фото)

Тениската легенда Моника Селеш после подолг период објави фотографија на социјалните мрежи…