Пред три години еден од најдобрите светски судии Хауард Веб замина во пензија.
Веб го судеше финалето во Лигата на шампионите помеѓу Интер и Баерн и финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Холандија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Веб стана член на судиската организација во САД која ја контролира видео технологијата на натпреварите во МЛС лигата. ВАР се користи во сите најсилни европски лиги, од следната сезона ќе се користи и во Примера, а Веб повика дека би требало да се воведе и на Светското првенство.
„Доколку повторно сум дел од судиите кои одат на така големо натпреварување какво што е Светското првенство каде што секоја моја одлука ќе биде анализирана од целиот свет би сакал да имам можност да погледнам видео снимка во текот на натпреварите. Според мене ВАР ќе биде од голема помош на Светското првенство“, порача Веб.
5) How Howard Webb's memory of Nigel de Jong & 2010 is driving his Stateside VAR push |@johncrossmirrorhttps://t.co/PpuLdyDDnn pic.twitter.com/5Sl2jT6e5S
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 6, 2017
Потоа Веб потврди дека судиите се исклучително задоволни од ВАР.
„Не сум разговарал со сите судии, но оние кои ги контактирав се сложија дека е од непроценлива важност. Сигурен сум дека тоа го мислат и оние кои ќе судат во Русија“, изјави Веб.