Дома Фудбал Репрезентации Се огласи Рамос: Ме боли тоа што нема да можам да и помогнам на Шпанија

Се огласи Рамос: Ме боли тоа што нема да можам да и помогнам на Шпанија

Серхио Рамос за првпат се огласи откако не се најде на списокот на Луис Енрике за Европското првенство кое ќе се игра ова лето.

Претходно на прес-конференција свое објаснување даде Луис Енрике кое можете да го прочитате тука, а сега на оваа тема зборуваше и Рамос.

„Зад мене се тешки месеци и сезона каква што не сум имал, доаѓа ЕВРО 2020. Работев напорно да бидам 100% спремен за Реал Мадрид и националниот тим, но работите не излегуваат секогаш онака како што посакувате“

„Ме боли што не можев да помогнам на мојот тим и што сега нема да можам да и помогнам на Шпанија, но во овој момент најдобро за мене е да одмарам и максимално да се спремам за наредната сезона, морам да бидам искрен и реален. На соиграчите од репрезентацијата им посакувам се најдобро и ќе навивам за добар настап на Еврпското првенство“, порача Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…