Дома Топ вести Се огласи мајката на Мбапе: Имаме договор и со Реал и со ПСЖ!

Се огласи мајката на Мбапе: Имаме договор и со Реал и со ПСЖ!

Килијан Мбапе во овој период е во центарот на вниманието на фудбалската јавност и се очекува да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Во игра се две опции – останување во ПСЖ и потпис на нов договор или преселба во Реал Мадрид. Иако изгледаше дека Мбапе е поблиску до трансфер во Мадрид сега не може тоа да се каже.

Мајката на Мбапе излезе во јавноста со изјава дека имаат договор и со ПСЖ и со Реал Мадрид.

„Имаме договор и со Реал Мадрид и со ПСЖ. Двете понуди се скоро идентични, а сега Килијан ќе одлучи каде ќе продолжи“, изјави Фајза Мбапе.

Утре Мбапе ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ, а според најавите одлуката која е толку очекувана би можел да ја соопшти во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар доби повик од Премиер лигата: Дојди, те чека „десетката“!

Во последниот период многу се пишува иднината на Нејмар, наводно ПСЖ сака да се откаже од …