Eвропската фудбалска федерација (УЕФА) го исфрли Манчестер Сити од европските натпреварувања во нареднте две сезони поради кршење на финансискиот фер плеј.
Ако не помине жалбата на судот на спортскиот суд за арбитража во Лозана (ЦАС) „граѓаните“ во наредните две години нема да ги гледаме во Лигата на шампионите. После седум дена од одлуката на УЕФА во јавноста се огласи извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сориано тврди дека обвиненијата против Сити се лажни.
„Најважното што сакам да го кажам е дека обвиненијата не се вистинити. Едноставно не е вистина за она што не обвинуваат. Навивачите можат да бида сигруни во две работи: Прво – обвинијата се лажни. Второ – ќе направиме се за тоа да го докажеме“.
„Знаеме дека навивачите се со нас, го чувствуваме тоа. Навивачите поминале многу предизвици во последната деценија и ова е само уште еден предизвик во низата. Ќе се држиме заедно и ќе поминеме се, нема да ги изневериме нашите навивачи“, изјави Соријано.
Потоа понуди и објаснување.
„Сопственикот не вложал пари без тие да бидат пријавени. Ние сме стабилен и профатабилен клуб кој нема долгови. Нашите сметки се пријавени и се е чисто. Сега бараме решение на фер начин и се надеваме дека се ќе биде решено пред летото. Пеп знае се, тој и екипата се фокусирани на натпрварите, нив треба да ги интересира само фудбалот“, заврши Соријано.