Дома Фудбал Англија „Се надевам дека Роналдо конечно ќе си ја добие казната“

„Се надевам дека Роналдо конечно ќе си ја добие казната“

Сара Кели, мајката на Џејкоб Хардинг, аутистичниот тинејџер на кого Роналдо му го скрши телефонот после поразот од Евертон минатата сезона во Премиер лигата, бара казна за Португалецот.

Фудбалската асоцијација дури минатата недела отвори постапка, иако случајот е од пред шест месеци.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Се надевам дека конечно ќе биде казнет. Не сакам да се извлече толку лесно, неговото однесување беше неприфатливо. Мојот син секој ден зборува за тоа. Дури не си го доби назад ни својот телефон“, изјави Сара Кели.

Роналдо јавно изрази каење поради се што се случи, а сега се чека одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …