Дома Фудбал Лига на шампиони Серхио Рамос: Титулата во ЛШ вреди повеќе од двојната круна на Барса!

Серхио Рамос: Титулата во ЛШ вреди повеќе од двојната круна на Барса!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има амбиции да игра уште едно финале во Лигата на шампиони и е на добар пат после победата над Баерн во првиот меч.

„Имаме доволно искуство и знаеме што значи да играш финале во Лигата на шампиони. Сега сме на чекор од финалето и се надеваме дека ќе патуваме во Киев“, изјави Рамос.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Капитенот на „кралевите“ потоа направи споредба со титулата во ЛШ и двојната круна на Барса во Шпанија.

„Барса одигра фантастична сезона и освои две титули. Трофејот во ЛШ би ја израмнил двојната круна, а може и малку повеќе од тоа. Ако работите завршат така, тогаш и двата клуба ќе имаат одлични сезони“.

„После тоа што се случи на реваншот со Јувентус, сега ја научивме лекцијата. Треба да влеземе во мечот без да мислиме на првиот меч, ќе играме исто како да е 0:0“, заклучи Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сѐ му се урна како кула од карти: Њукасл застана на патот на соништата на Исак

Александер Исак требаше ова лето да направи трансфер на кариерата и да ги оствари своите с…