Дома Фудбал Серхио Рамос организирал тимска вечера – не се појавиле само тројца играчи

Серхио Рамос организирал тимска вечера – не се појавиле само тројца играчи

Во средата во центарот на Мадрид играчите и стручниот штаб на Реал Мадрид имаа заедничка вечера.

Во познатиот ресторан „Асадора Доностиари“ фудбалерите и луѓето кои работат во Реал Мадрид имале заедничка вечера која била организирана од страна на капитенот на тимот Серхио Рамос. Рамос сакал на овој начин да го мотивира клубот во последните седум кола од шпанското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа новинарите забележаа еден интересен детал. На вечерата не се појавија тројца фудбалери и тоа не било кои тројца, туку оние за кои најмногу се пишува дека ќе го напуштат клубот во летниот преоден рок.

Како што објавија медиумите во Шпанија на вечерата не присуствувале Герет Бејл, Кејлор Навас и Карим Бензема.

За Бензема има гласини, но не се толку изразени, додека за Навас и Бејл се пишува константно и голем дел од фудбалската јавност очекува тие да си заминат во текот на летото. Ова ќе биде само уште една дополнителна причина јавноста да има такво мислење (дека ќе заминат).

Бејл и Навас го пропуштија заедничкото дружење и во јануари. Навас тогаш стана татко и сакаше да остане покрај сопругата, додека Велшанецот одбил да присустувва на таа вечера без посебна причина.

Во четвртокот тимот имаше слободен ден, а денес Реал ќе има тренинг, натпреварот во првенството ги очекува во понеделник кога ќе играат против Леганес.

Реал во овој момент е третопласиран тим во Ла Лига со 60 освоени бодови, додека Барселона и лидер на табелата со 13 повеќе. Лошата сезона „кралевите“ ја крунисаа со елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…