Дома Фудбал Италија Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари на својот тим во Серија А поради црвениот картон кој го доби против Милан.

Лацио во неделата беше поразен со 2:0 од Милан на „Сан Сиро“, а Сари учествуваше во еден инцидент на самиот крај на натпреварот.

На крајот од мечот имаше што да му каже на главниот судија кој му додели директен црвцен картон поради коментарите, а потоа имаше вербален дуел и со Златан Ибрахимовиќ.

Сега е објавено дека Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари во Серија А во кои Лацио ќе игра со Каљари и Торин. На клупата ќе се врати на 26. септември во градското дерби против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Денес на програмата е вонредното 6-то коло во шпанската Примера, каде најголемо внимание с…