Дома Фудбал Репрезентации Сериозни обвинувања за романскиот селектор: Не тераше да туркаме автобус!

Сериозни обвинувања за романскиот селектор: Не тераше да туркаме автобус!

Германскиот стручњак Кристоф Даум користел ригорозни методи на тренинзите во текот на двегодишната епизода на клупата на Романија.

Поразот од Црна Гора за репрезентацијата на Романија значеше и крај на сите надежи за пласман на Светското првенство на селекцијата на Романија, а како и што е вообичаено цената за неуспехот ќе ја плати селекторот Кристоф Даум кој ќе остане на селекторското место на само уште два натпревари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но пред крајот на неговата „ера“ на клупата на Романија фудбалерот на оваа репрезентација Габриел Торје изнесе сериозни обвинувања.

„Никој не смееше ништо да му каже во поглед на тактиката и играта…Со никого не разговараше. Во една ситуација дури и не тераше да буткаме автобус. Започнавме петмина, а потоа ни се придружи и остатокот од тимот, го буткавме сите“, откри Торје

Со слични тренерски методи Даум се служеше и порано. Кон крајо на деведесетите години кога како тренер на Баер Леверкузен во една ситуација на фудбалерите им даде задача да трчаат низ изкршено стакло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Распад-систем: Челси ја претрпе најголема загуба во англиската фудбалска историја

Лондонскиот фудбалски клуб Челси откри дека претрпе загуба од 262,4 милиони фунти (или 300…