Фудбалерот на Барселона, Сержи Роберто зборуваше за можното враќање на „Камп Ноу“ на Лионел Меси.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Роберто испрати порака до Меси, кој вчера доби свирежи од навивачите на ПСЖ, кои не се задоволни од настапите на Аргентинецот.
„Се надевам дека Меси ќе се врати во Барселона, ние го чекаме со раширени раце. Тој дефинитивно не заслужува таков третман во Париз“, кажа Роберто.
Идината на Меси е главна тема бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а се погласни се шпекулациите за можно враќање во Барселона.