Рускиот ракометар на Вардар Сергеј Горбок кој заработи тешка повреда на лигаментите во текот на вчерашниот ден беше успешно опериран во Хрватска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Горбок сигурно ќе му недостасува на стратегот на црвено-црните Парондо во наредниот период, но според расположението на фотографијата може да се заклучи дека се поминало во најдобар ред.
Сепак, иако е се во најдобар ред сигурно ќе помине време за Горбок да се врати на паркетот. Засега очекувањата Горбок да се врати во пролетниот дел од сезоната.
Ќе потсетиме кога Горбок се повреди, Вардар го доведе младиот Словенец Грегор Оцвирик.