
На младинското Европско првенство репрезентацијата на Фарски Острови приреди сензација победувајќи ја силната Данска.




Фарски Острови славеа минимално со 33:32, откако на паузата беше 15:15. Ова секако е историски успех на оваа млада генерација затоа што никогаш нивната држава не ја победила Данска во било кој спорт. Токму затоа ваквиот триумф има поголема тежина.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Натпреварот скоро во текот на целиот период беше изедначен, а затоа говори и конечниот резултат. Најефикасен кај Фарски Острови беше Елиас Елефсен со девет гола, додека кај Данска Томас Арнолдсен постигна 12.