Дома Останати Сензација на УС Опен, Федерер елиминиран: Не можев да дишам!

Сензација на УС Опен, Федерер елиминиран: Не можев да дишам!

Вториот носител и петкратен освојувач на УС Опен Швајцарецот Роџер Федерер го заврши натпреварувањето на овој турнир откако во осминафиналето беше елиминиран од Австралиецот Џон Милман.

Австралиецот, во моментот 55-ти тенисер на светот, славеше по три часа и 34 минути игра со 3-6, 7-5, 7-6(7), 7-6(3).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милман, кому најдобар ранкинг во кариерата му е 49-то место на АТП листата, досега нема освоено титула, а за влез во полуфиналето ќе се бори против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Имав многу проблеми поради условите. Беше многу топло и влажно. Јас буквално немав доволно воздух. Ова прв пат ми се случува. Беше многу непријатно, губев енергија. Противникот успеа да се справи со таквите услови. Можеби затоа што е од едно од највлажните места во светот (се смешка). Јас сум вознемирен, но во одреден момент бев среќен што заврши мечот“, рече Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …