Дома Останати Кошарка Сензација на Мундијалот: Доминикана ја елиминира Германија!

Сензација на Мундијалот: Доминикана ја елиминира Германија!

Второто коло на Светското првенство во Кина го донесе првото големо изненадување. Германците се соочија со елиминација уште во фазата по групи откако денеска доживеаја изненадувачки пораз од Доминикана (70:68)

Германија во Г групата го доживеа вториот пораз, па остана без шанси за пласман во следната фаза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Карипската репрезентација во возбудлив и неизвесен натпревар славеше со  70:68 обезбедувајќи си место во осминафиналето бидејќи ова им е втора победа.

Најефикасен на натпреварот беше Германецот Денис Шредер со 20 поени, додека Доминиканците Виктор Лис и Елој Варгас постигнаа 17 односно 15 поени.

Пласман во втората фаза денес обезбеди и Австралија откако го совлада Сенегал со 81:68. Први победи остварија Нов Зеланд над Црна Гора (93:83) и Чешка над Јапонија (89:76).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Визионерски потег на Леброн: Неговата инвестиција во Ливерпул денес вреди 1.500 проценти повеќе!

Уште во 2011 година, Леброн Џејмс направи потег кој денес се покажа како еден од најпаметн…