Душан Лајовиќ за прв пат во кариерата го победи Новак Ѓоковиќ и тоа на турнирот во Бања Лука.
Ѓоковиќ важеше за голем фаворит на „Српска Опен“, турнирот кој се одржува во Бања Лука, но не успеа да го освои.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лајовиќ првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тајбрејк кој го доби со 7-6 (8-6). Ѓоковиќ имаше три сет поени, но не успеа да израмни.
За пласман во големото финале Лајовиќ ќе игра против подобриот од мечот Кецмановиќ – Лехечка.
Коментари