Според дел од медиумите во Италија, Жозе Мурињо и покрај успехот со Рома во последните две сезони сега се наоѓа пред отказ.
За Рома не започна најдобро сезоната во Серија А, но и за Мурињо ваквиот почеток со кој Рома е 13. на табелата е негов најлош во кариерата. Веќе во италијанската јавност се шпекулира за неговиот можен наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што се споменува името на Антонио Конте. Ако дојде до реализација на ваквите најави, тоа ќе биде третпат Конте да го наследи Мурињо во некој клуб.
Конте е докажано и проверено име во Италија, освојуваше титули со Јувентус и Интер, беше селектор, па така сигурно има предуслови да ја преземе Рома. Првпат Конте го наследи Мурињо во Челзи, а потоа во Тотенхем.
Останува сега да се види дали и Рома ќе повлече потег како премиерлигашот.