Дома Македонски спорт Мак фудбал Селекцијата до 19 години славеше со 3:1 на вториот контролен натпревар против селецијата од 21 година

Селекцијата до 19 години славеше со 3:1 на вториот контролен натпревар против селецијата од 21 година

Селекцијата до 19 години предводена од Шкумбин Арслани славеше со 3:1 против селекцијата на фудбалери до 21 година на вториот контролен натпревар од тренинг кампот во Охрид.

Берат Калкан во 13. и 33. минута ги постигна головите за селекцијата до 19 години за водство од 2:0 на полувреме. Марко Ѓорѓиевски од пенал во 74. минута даде погодок за намалување на предноста на 2:1, но пред крајот од натпреварот, најстрога казна реализираше Зуфер Шаини за конечен резултат 3:1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


МАКЕДОНИЈА до 19 години:

Стефан Тасев, Славе Маркоски, Виктор Крстевски, Мартин Величковиќ, Бехар Фета, Зуфер Шаини, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Октај Ракипи, Берат Калкан;

Иван Николоски, Филип Костовски, Константин Коцев, Фитон Адеми, Арда Окан Куртулан, Иван Николов, Дамјан Трајаноски, Хамза Рамани, Дарио Марковски, Спасе Терзиев, Бесард Џемаили;

МАКЕДОНИЈА до 21 година:

Матодија Велковски, Марко Симуновиќ, Матеј Николов, Јован Манев, Али Рамин, Флорент Рамадани, Бесник Ферати, Јакуп Бериша, Емир Скендери, Зоран Ивановски, Давид Калапачки;

Александар Анѓелкоски, Иљази Ардит, Александар Ѓурковски, Кристијан Додевски, Георге Јанкулов, Бојан Димоски, Али Адем, Арби Воша, Марко Ѓорѓиевски, Муарем ШУхељ, Енсар Љума;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…