Aргентинската фудбалска репрезентација соопшти дека Паоло Дибала поради приватни проблеми подоцна ќе се појави на репрезентативниот собир.
Дибала доби повик за пријателските натпревари против Гватемала и Колумбија, а привремениот селектор Лионел Скалони на конференцијата за новинарите потврди дека Дибала поради „приватни проблеми“ ќе пристигне подоцна.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Имаше некои приватни проблеми и доби моја дозвола. Мислам дека е важно, побрзо да ги реши и да ни се придружи подоцна кога ќе биде повеќе потребен“, порача Скалони.
Скалони потврди дека Икарди ќе биде дел од тимот за во петок за Гватемала, но нема да биде стартер.
„Ќе биде тука за натпреварот со Колумбија, како и против Гватемала, но во петок нема да биде стартер, тоа е моја одлука“, заврши Скалони.