Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ повлече радикален потег пред Мундијалот.
Имено, Далиќ одлучи да им забрани пристап на сопругите и девојките во кампот на репрезентацијата и оваа одлука сигурно нема да им се допадне на фудбалерите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во гостувањето во една емисија Далиќ зборуваше за актуелностите пред Светското првенство, а посебно интересен беше делот за дружењето со сопругите и девојките.
„Жени, сопруги и девојки во кампот на репрезентацијата? Нема збор за тоа! Ние таму имаме сериозна работа, не сум против тоа кратко да се гледаат после натпреварите, но во кампот мораме сериозно и максимално да бидеме сконцентрирани на работата“, изјави Далиќ.
Хрватска ќе игра во група со Аргентина, па очекувано Далиќ доби прашање за Лионел Меси.
„Меси не е играч кој можете да го чувате само со еден чувар, потребно е целиот тим да игра против него. Мораме да го спречиме да ја прими топката, сепак ние прво мораме да размислуваме за Нигерија“, истакна Далиќ.