Турција остана во игра за пласман на Светското првенство (СП) во 2022 година во Катар, откако вчера во драматична завршница успеа да ја победи Летонија со 2-1.
Турците стигнаа до три бода со гол од пенал на Јилмаз дури во 99-та минута од натпреварот, а тоа емотивно го преживеа селекторот Штефан Кунц.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Кунц почна да плаче како мало дете по победата на неговата селекција, која остана во игра за првите две места во групата. Турција има два бода помалку од второпласираната Норвешка.
''🥲'' emoji is now literally real. We love you Stefan Kuntz! ❤️🤍 #BizimÇocuklar 🇹🇷 pic.twitter.com/RAjSPj0HcJ
— Türkiye #BizimÇocuklar 🇹🇷 (@MilliTakimlar) October 11, 2021