Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Лихтенштајн пред натпреварот со Македонија доби ПРО-лиценца

Селекторот на Лихтенштајн пред натпреварот со Македонија доби ПРО-лиценца

Поранешниот репрезентативец на Лихтенштајн и денешен нивни селектор, Мартин Стокласа пред мечот со Македонија ја доби најважната лиценца за еден тренер – ПРО-лиценцата.

Во својата кариера Стокласа одигра 113 натпревари за Лихтенштајн, а сега ја води репрезентацијата како селектор. Кариерата ја заврши во 2014 година, потоа одеше чекор по чекор за сега конечно да ја добие ПРО-лиценцата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Македонија против Лихтенштајн игра во петок на гостински терен и овој натпревар е од голема важност за нашата репрезентација.

Важноста за натпреварот во нашето интервју ја истакна и македонската фудбалска легенда – Митко Стојковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонија против Ирска без идеја и без голови

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без голови, против Република Ирс…