Секретарот на Барселона, Роберт Фернандез вели дека одлично напредуваат преговорите за новиот договор на Лионел Меси.
Медиумите шпекулираат дека Меси размислува за заминување и дека поради тоа сеуште нема ставено потпис на нов договор со Барселона.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Преговорите за новиот договор на Меси напредуваат многу, многу добро. Опуштен сум, како што бев и со Маскерано, Бускетс, Суарез и Нејмар. Сега сум мирен што се однесува за Меси и Инеста. Убеден сум дека ќе останат.
Договорот на Меси истекува во 2018 година, а Аргентинецот оваа сезона игра одлично и има 28 гола и 9 асистенции на 26 натпревари.