Дома Топ вести Секоја чест за скромноста: Јас не вредам 50 милиони!

Секоја чест за скромноста: Јас не вредам 50 милиони!

Парите кои моментално се вртат во фудбалот и се даваат за трансфер на играчите според многумина не се реални, меѓутоа мали се шансите самите фудбалери да го признаат тоа.

Таков е случајот на хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ кој оваа зима имаше шанса од Фиорентина да се пресели во Кина за 50 милиони евра.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


„Доколку кажев да тоа ќе биде завршена работа. Канаваро ми се јави, но за мене тоа прашање е затворено и не сакам повторно да го отварам. Навистина мислам дека не вредам 50 милиони евра колку што е мојата откупна клаузула и се соменавам дека некој би потрошил толку пари за мене“, искрен е Калиниќ.

„Сакам да нагласам дека не знам коку точно беше понудата на кинескиот клуб, но не се парите се во животот. Пред само година и половина стигнав во лига каде се игра врвен фудбал и не сакав да заминам. Мислам дека имам уште многу да му дадам на европскиот фудбал“, заклучи Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Милан

Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, Самуеле Р…