Македонската фудбалска легенда и поранешен тренер на ФК Вардар Гоце Седлоски ги демантираше најавите дека наскоро ќе потпише договор со хрватскиот Динамо Загреб.
Седлоски е вистинска „икона“ во тимот на Динамо, тој долго време го носеше дресот на клубот од Загреб, навивачите го обожаваат, па токму поради тоа посетата на Седлоски во Загреб крена огромна прашина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент на клупата на Динамо работи Марио Цвитановиќ, па Гоце демантираше дека би бил негов наследник.
„Апсолутно, нема никаква вистина, не сум дојден тука по работа, тука сум само како турист. Имам добри пријатели и само сакав да ги посетам. Како што веќе кажав претходно, Динамо си има тренер“, изјави Седлоски.