Македонија после првите натпревари остана со два претставника во Европа и тоа во Конференциската лига.
Шкупи го помина првото коло елиминирајќи ја Приштина, додека Шкендија исто така оди во второто коло од ова натпреварување после елиминацијата од квалификациите во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гоце Седлоски е задоволен од изданието на Шкупи во вториот натпревар во Косово кој заврши без победник 1:1, иако потенцираше дека имало недостатоци. Претходно Шкупи во Скопје победи со 2:0.
„Очекував да бидеме подобри во првото полувреме. Од играта во првото полувреме не сум многу задоволен, но во вториот момците почнаа да играат подобро и си ја завршија работата. Најважно е што одиме во следното коло. Донесовме важен успех за клубот и фановите. Честитки до сите“, изјави Седлоски.
Во второто коло Шкупи ќе игра против Санта Клара, а првиот натпревар се игра на 22. јули во Скопје на Арената „Тодор Проески“.
Фото: ФК Шкупи