Откако фудбалерите ги поминаа медицинските прегледи и ставија потпис на договорите, Милан и Јувентус ги официјализираа трансферите.
„Росонерите“ со слоганот „нов Милан“ потврдија дека Гонзало Игуаин и Матија Калдара се нови играчи на клубот од Милано. Аргентинецот доаѓа на позајмица со право на откуп, додека дефанзивецот во трампа за Бонучи и потпиша договор до 2023 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Игуаин ќе го носи дресот со број „девет“, додека Калдара ја избра 33-та.
Ufficiale: #GH9 & #MC33 ?⚫️https://t.co/wsaaByT2w9
— AC Milan (@acmilan) August 2, 2018
Во текот на утрешниот ден најпрво ќе бидат преставени на пресконференција, а потоа двајцата ќе имаат презентација на плоштадот „Пјаца Дуомо“ пред навивачите на Милан.
Од друга страна Јувентус потврди дека Бонучи се враќа во клубот после една година помината во Милано и потпиша договор со „старата дама“ до 2023 година.
Welcome back, @bonucci_leo19! ?️?
➡️ https://t.co/WACPsAUXva #WelcomeToJU pic.twitter.com/ztE6O22cQY
— JuventusFC (@juventusfcen) August 2, 2018