Дома Трансфер зона Севиља потврди: Ќе го откупи Андре Силва!

Севиља потврди: Ќе го откупи Андре Силва!

Португалскиот напаѓач Андре Силва ова лето пристигна во Севиља како позајмен фудбалер од Милан, но шпанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор.

Севиља за позајмицата на Андре Силва плати 3 милиони евра, а во договорот постои клаузула според која ќе може да го откупи договорот за додатни 35 милиони евра.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Португалецот игра фантастична сезона и ги воодушеви сите во Севиља, па клубот потврди дека сигурно ќе го откупи играчот.

„Навивачите можат да бидат смирени, Силва останува во Севиља и ќе потпише долгорочен договор. Имаме опција да го задржиме и да го направиме тоа. Милан може да зборува што сака, повторно да го сака во своите редови, како и останатите клубови, но само кај нас може да остане“, потврди спортскиот директор Капарош.

Андре Силва пристигна во Милано како голем талент од Порто за 38 милиони евра, па Милан ќе си ја врати комплетната инвестиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…