Дома Фудбал Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Денес на програмата е вонредното 6-то коло во шпанската Примера, каде најголемо внимание секако привлекува дуелот помеѓу Севиља и Валенсија.

Севиља: Фантастичен старт, а потоа две реми

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата сезона Андалужаните играа фантастично во поголемиот дел од шампионатот и на крајот го зазедоа четвртото место на табелата кое е и последно што носи пласман во ЛШ. И оваа година четата на Лопатеги фантастично започна во Ла Лига бидејќи во првите две кола остварија две победи и тоа на домашен терен против Рајо Валекано, а потоа и на тешкото гостување кај Хетафе. Со доста маки Андалужаните славеа на тој дуел кој заврши со минимална победа за Севиља. Исто така, мора да нагласиме дека започна сезоната и во ЛШ каде што за жал започнаа со реми против Салзбург. Поголем дел од тој дуел Лопатеги го изигра со играч помалку, па затоа може да кажеме дека ремито и не е мал резултат.

Валенсија: Конечно добар почеток

Тимот од Местаља во последниве сезони прикажува доста лоши партии во Ла Лига, а во минатата сезона не успеа да стигне до пласман во Европа, а општо познато е дека тоа е најголема цел за овој тим. После пет изиграни дуели, Валенсија е на третото место на табелата со 10 освоени бода што е за четири бода помалку во однос на првопласираниот Атлетико Мадрид кој рака на срце има и натпревар повеќе. За жал во минатото коло Валенсија го запиша и првиот пораз во првенството од Реал Мадрид и покрај тоа што имаа водство до 86-та минута на натпреварот.

Наш предлог

На прв поглед гледаме дека ова е тежок меч за типување. Можеби вас ќе ве изненади тоа што блага предност даваме на гостите, но сепак впечатокот е дека тимот од Местаља покажа многу повеќе за разлика од Севиља. Наш прв предлог е Х2 со квота 2.16 во Mozzart, а исто така може да испробате и 0-2 гола со квота 1.81 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс против Динамо Минск ќе игра во Бугарија

Екипата Силекс ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Динамо Минск во првото квалифика…