
Фудбалскиот сојуз на Јапонија сериозно ја разгледува можноста да го откаже домаќинството на Светското клупско првенство?
Јапонците изразија загриженост поради ситуацјата со пандемијата со коронавирусот. Неодамна беше откажана рели трката, додека многумина беа и против одржувањето на Олимписките игри.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
На крајот тие сепак се одржаа, без публика. Но, тоа можеби нема да биде случај со Мундијалот за клубови, пренесуваат медиумите од Јапонија.
Светското клупско првенство оваа година би требало да се одржи од 9. до 19. септември во Јапонија, но ФИФА сега на големо разгледува и други опции.